еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) „Диви и среќни“, прва акциона комедија на Балканот од холивудски размери

Вчеравечер, во Cineplexx во Скопје се одржа гала премиера на бугарскиот филмски хит „Диви и среќни“ – акциона комедија што ги сруши рекордите на гледаност во Бугарија за 2019, а од денес е на репертоарите во македонските кина.

На примерата лично присуствуваа актерите и продуценти на филмот Јана Маринова и Александар Сано, а меѓу публиката беа нивните колеги македонци од филмската индустрија, Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија со семејството, гости од дипломатските преставништва на Холандија и Италија, како и многу бугарски граѓани кои живеат или престојуваат во земјава.

На црвениот килим, честитки до Маринова упатија актерите од „Преспав“ како и авторите и продукцијата на серијалот.

Несомнено, „Диви и среќни“ покажа дека може да се направи квалитетен филм од такви размери и на Балканот, со многу акција, сложени каскадерски сцени, оган, автомобилски судири и хеликоптери.

„Македонската публика има ретка можност да погледне филм од регионот во кино. Затоа се радувам што обезбедивме дистрибуција на „Диви и среќни“ во Македонија. Бидејќи филмот е неприкосновен хит веќе трети месец во киносалите низ Бугарија и Европа, сигурни сме дека ќе ви се допадне“ – изјави актерката и продуцентка Јана Маринова, или како што македонската публика ја нарекува газдарицата Преслава од „Преспав“.

Во следните денови, „Диви и среќни“ е на реперотарот на Cineplexx и 3D Кино Битола.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Погледнете ја првата епизода од „Проект куќа“, која произлезе од хуманитарната мисија на Кристина Аранаудова за топол дом за сите

Редакција

Со парите од роденденот на Олга Костовска ќе се реконструираат скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје

Редакција

(Галерија) Отворен новиот продажен салон, инженеринг и сервисен центар на ЕНЕРГИЈА доо

Редакција