еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Како изгледаше акцијата за спасување на охриѓанецот кој падна во провалија

На 64-годишниот охриѓанец кој падна во провалија и се здоби со тешки телесни повреди му помогна Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

„За лоцирање на местото на несреќата беше искористен СМС системот за лоцирање, кој е воспоставен во рамки на проектот „Регионот Oхридско Eзеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, програма за прекугранична соработка МК-АЛ.

Веднаш по лоцирањето на местото на несреќата, два тима на ПСС се упатија на терен, и во 10:35 часот пристигнаа на местото на несреќата.

На повреденото лице, веднаш му беше укажана прва помош, беше запрено обилно крварење и изведена имобилизација на целото тело, по што започна сложена постапка за транспорт и евакуација на повредениот.

Поради непристапноста на теренот, беше спроведена една од покомплексните акции за евакуација на повреден, при што беа вклучени 7 спасители од ПСС и соодветна опрема за спасување на деликатен технички терен.

По 3 часа и 15 минути, во 13:50 часот, повредениот беше предаден на Итната медицинска помош при Здравствен дом Охрид, која му пружи стручна лекарска помош на лице место и го транспортира повредениот до соодветна здравствена институција, на понатамошно лекување,“ информираат од Планинската спасителна служба.

Од таму велат дека со оваа интервенција, која е шеста по ред, се доближуваат до рекорден просек од една интервенција месечно, што уште еднаш укажува на неопходноста од постоење на ефикасен систем за спасување на планина и непристапни терени, особено во регионите во кои интензивно се развиваат различни форми на авантуристички туризам.

„Апелираме до сите љубители на планините и природата, кои се движат во пограничниот регион околу Охридското Езеро, при своите авантури, со себе да носат соодветна опрема, како и опрема за укажување на прва помош и мобилни телефони со полна батерија, на кои претходно ќе ја инсталираат апликацијата за брзо алармирање на ПСС или ќе го меморираат посебниот број за СОС повици 13-112, на кој 24 часа, 7 дена во неделата можат да се обратат за помош,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден охриѓанец откако паднал во провалија

фото: Планинска спасителна служба Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево време со мала до умерена облачност и ветер

Редакција

Кунгуловски за СП: Невакциниран и непрележан човек има многу мали шанси да не се зарази со делта сојот

Редакција

Од утре променливо облачно со повремен дожд

Редакција