еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Кои се нашите успешни модели и спортисти: Модата и спортот во нераскинлива симбиоза

Во светот на моделингот има неколку златни правила и доколку се придржувате до нив вашата шанса за напредок се зголемува. Иако владее едно општо прифатено мислење дека ако изгледате убаво треба да се обидете во моделингот, но тоа е само навидум така.

„Кога ќе дознаете колку време нашите најуспешни модели поминуваат време во фитнес центрите и колку внимаваат на исхраната тогаш повеќе од половината девојки и момчиња кои биле заинтересирани се откажуваат од оваа професија.

Телото и ставот се една од најзначајните ставки во кариерата на успешните модели затоа колку подобро оформено тело толку посигурен пласман. Ние може да се пофалиме со голема дисциплина и посветеност на нашите модели„, вели Алек Наумовски од модната агенција Моделс ИН Менаџмент.

Моделите самите се свесни дека ако не се стремат кон наметнатите пропорции од светската модна индустрија, нивните ангажмани значително ќе се намалат. Ако не им стане животна навика да внимаваат со нивниот мотив за добро оформено тело може да да се збогуваат со кариерата на модел.

Уште една важна ставка е менталното здравје кое е исто така важно за моделите, кога постигнуваат  резултати нивниот мозок го лачи допаминот односно хормонот важен за личната среќа.

Помеѓу најуспешните модели – спортисти се: Елена Реи, Павле Николовски, Христијан Стојаноски – Крис, Софија Симоноска, Ѓорѓи Поповски, Ивана Манас, Матеј Костовски, Миа Симоновска, Алекс Златановски, Лука Петковски, Викторија Ристовска, Еван Умленски, Никола Андоновски, Виктор Пецев, Ангела Младеновска, Стефан Спирковски, Петар Костовски, Елена Гугоска и Стефан Стојаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре нема сликање за документи во „Пролет“ без закажување

Редакција

(Видео) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и 15 градови: Се бара оставка на Заев

Редакција

Еврејската заедница во Македонија реагира за маската на Хитлер на Струмичкиот карневал

Редакција