еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Министерката Шахпаска дел од Парадата на гордоста: Силно верувам во општество кое дава еднакви можности за секој граѓанин

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, силно верува во општество кое дава еднакви можности за секој граѓанин, и оттука даде поддршка на денешната Парада на гордоста.

„Борбата за еднакви права на лицата од ЛГБТИ заедницата, уривање на стереотипите во општеството и нивна видливост и учество во општеството ја водевме заедно и во Собранието на Република Северна Македонија, како член на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата и денес како министерка за труд и социјална политика.

Од моето доаѓање донесовме два клучни закони кои обезбедуваат заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата.

Законот за спречување и заштита од дискриминација за прв пат во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, ја вклучува заштитата на ЛГБТИ лицата согласно член 5 без разлика на раса, боја на кожа, потекло, пол, род, сексуална ориентација.

Секој човек има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општествениот мозаик ја прават различностите.

Продолжуваме да работиме на надминување на препреките и креирање нов и подобар свет за сите,“ напиша таа на нејзиниот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски со сопругата Ѓоргиевска учествуваа на Парадата на гордоста: „Почит кон различностите“

(Фото) Шекеринска на Парада на гордоста: „Секој е слободен да биде она што е“

(Галерија) Царовска на Парада на гордоста: Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација

Фото: Фејсбук/Шахпаска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот експерт Кула: Со Македонија сите се мајтапат, секој поставува услови

Редакција

Кои се обичаите: Почнува Рамазанскиот пост

Редакција

Избори во Бугарија: Води ГЕРБ на Борисов пред Има таков народ на Трифонов

Редакција