еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Паркот Жена борец како бајка по повод почетокот на кампањата #НемаOправдување

По повод почеток на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, во организација на УНДП, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден за запирање на насилството на жената, Жена-парк беше украсен како бајка.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето обраќање најави дека до крајот на годината ќе имаме вкупно 10 специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство, бидејќи приоритет на државата е да се обезбеди заштита и поддршка за секоја жена и девојка.

На настанот освен владините претставници присуствуваа и дипломати, претставници на интернационални организации и жени активистки, претставници од граѓански организации од земјава, медиуми.

Сите активности во рамките на кампањата може да се следат под хаштаг #НемаОправдување.

Фото: УНДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Brainster лансира онлајн платформа која ќе ги вмрежува компаниите со талентираните студенти и ќе им помогне при процесот на вработување и ко-иновирање

Редакција

Крушево – таписерија на културни незаборавни искуства

Редакција

(Видео) Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Редакција