еМагазин во Белек, Турција во соработка со Фибула травел
Фибула травел Македонија нуди околу 600 хотели во Турција, а голем дел од нив се наоѓаат во Белек. Некои од нив се во нивна сопственост, како на пример Siam elegance. Предноста е во тоа што, во хотелите во сопственост на Фибула, како клиенти плаќате сосема пристојни цени за квалитетна услуга, посебно доколку се направи ран букинг.
Понудата на хотели во Белек е навистина огромна и овде се наоѓаат едни од најлуксузните ресорти. Но покрај нив голем е изборот и на економични хотели со пет ѕвезди кои може да си ги дозволат просечно македонско семејство.
Во Белек се наоѓа и хотелот Lend of Legends кој што е микс на хотел, забавен парк, шопинг центар каде што се нуди одлична забава и за постарите и за помладите.
Всушност, се е подредено на забава на најмладите и повозрасните со авантуристички дух.
Интересно е тоа што овој хотел се нуди и како место за посета, и за туристите кои се сместени во другите хотели. Влезницата по човек чини 100 евра, а верувале или не, најмногу го посетуваат македонски семејства, кои се сместени во хотелите во Белек.
Овој хотел не функционира на база на all inclusive, ниту за туристите кои плаќаат илјадници евра за престој таму, туку има услуги кои се доплаќаат, а истите на пример се вклучени во цените на другите хотели.
Во Белек посетивме осум хотели, а како фаворити ги издвојуваме Siam, Susesi, Kaya.
Плажите во сите ресорти се песочни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин во Кемер, Турција: Топ хотели за сечиј вкус и џеб
(Галерија) Хотелите во Лара, Анталија „вриштат“ од луксуз и ги задоволуваат и најприбирливите гости
(Галерија) Хотелите во Сиде се најпродавани, нудат се што е потребнo за едно просечно семејство
Фото: еМагазин.мк