еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Се одржаа 8. Твитер награди: Омилените твитерџии ги „покажаа“ ликовите

Во соработка со Младинскиот културен центар се одржаа осмите #ТвитерНагради во киното Милениум, настанот на кој се прогласуваат најдобрите корисници на социјалната мрежа Твитер, но и од други социјални мрежи, како што се Инстаграм и Фејсбук и ЈуТјуб.

Низ годините на манифестацијата Твитер и Блогираме награди добитници биле и се повеќето позначајни чинители од сферата на дигиталните медиуми во Македонија.

Како и секоја година до сега, така и во оваа, при изборот на најдобрите корисниците сами номинираат, сами одлучуваат преку гласање и никој никогаш нема да интервенира во нивниот избор за да одлучи поинаку.

Односно, десетте корисници кои што се највеќе пати предложени за номинирање во секоја од 26-те категории се номинирани за гласање за избор на најдобрите. Мотото останува исто „Од заедницата, за заедницата“. Номинирањето и гласањето траеја по 3 недели, а целиот тој процес заврши на 1-ви декември, 2019 година.

Најважно од сѐ, овој настан има хуманитарна цел, односно не се наплаќа влез со цел посетителите да донираат средства за хуманитарни цели.

Според номинациите и гласањето, Твитер Изборна Комисија – ТИК ги прогласи победниците во следните категории:

НајДебитант/ка на Твитер – Тинка Минка @topceglopce

НајКомпанија / НајОрганизација на Твитер – СКОПСКО @SKOPSKO1924

НајСтрана на Фејсбук – КРВОДАРИТЕЛ @krvodaritel_

НајВебСајт на Твитер – Кафе пауза @kafepauza

НајФотографија на Твитер – M@ribel @Redpoppies1701

Најактивен Твитерџија/ка од дијаспората –  Tanja @Azhdaja

НајИнста Твитерџија/ка – Лобстер @LobaVictoria

НајКампања на Твитер – #ДонирајКомпјутер @shlapatalo

НајХаштаг на Твитер – #ДонирајКомпјутер @shlapatalo

Нај #СреќниСмеШтоТеИмаме Твитерџија/ка – Стaменoфф @shlapatalo

НајНастан на Твитер – #ЗлатнаБубамара @zlatnabubamara

НајДизајнер/ка на Твитер – ТхеМичо @txemico

Нај #ТретаСмена – Твитерџија/ка mitkav @mitkav

НајСпортски Клуб на Твитер – GFK Osogovo @gfkosogovo

НајАватар/и на Твитер – Стрела @zone0205

НајВлогер/ка (јутубер – јутуб канал) – @IvanAjnstajn Ivan Ajnstajn

НајАнимаПријател Твитерџија/ка – Трпана @NatalijaaaT

НајДиЏеј/ка на Твитер – Урбан курбан @ToniAudio

Најдуховит Твитерџија/ка – На Сузе малиот @nasuzemaliot

Најдобар Твит – На Сузе малиот @nasuzemaliot

„– Колку е карта за на Калиопи?

– 1.200 денари.

– Ууууу бато.“

НајЕко Твитерџија/ка – Холи Голајтли @BreakAtTyffanys

НајГотвач/ка на Твитер – Крофниче @krofni4e

Фото: Фејсбук/блокираме.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција

Македонија се придружува на ЕУ во санкциите кон Руската Федерација

Редакција

Малолетник заработи кривична за тероризам, оти од дома испраќал дојави за бомби

Редакција