Во текот на изминатава вечер поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, информираат од таму.
Фрлени се 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.
„Вчеравечер и утринава, покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 80 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците“, велат од Град Скопје.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба:
„Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти„.
JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.
Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4. 000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4. 500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт.
Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал.
И оваа сезона Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони, кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужувааат перманентно во текот на целата сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Град Скопје