На вежбата „Есенска бура“ на полигонот Криволак, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната нтероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани.
„Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент. Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент. Вежбата која започна на 08.11.208 ќе трае до 13.11.2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22.11.2018 година“, велат од АРМ.
Фото: АРМ