еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаврил Бубевски избран за шеф на ОЈО Скопје

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов претседател на Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО), објави на својата веб-страна Советот на јавни обвинители.

Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство.

Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.

Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми и хронични заболувања кај заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Кривична пријава од Левица за Левица

Редакција

(Фото) „Немавме контакт со талибанци“: Почнаа да пристигнуваат македонските граѓани евакуирани од Авганистан

Редакција