еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Генерален штрајк во Грција: Не возат бродовите и возовите, автобусите со ограничено работно време

Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека, меѓу другото, го укинува осумчасовното работно време.

Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите и тоа само 12 часа, додека пак метрото, трамвајот и тролејбусите не возат.

Во штрајкот учествуваат и вработените во државните болници, во брзата помош, професорите и наставниците, како и државните службеници, но и вработените во медиумите, во приватните и државните, со што Грција денеска е без информативни емисии и без вести.

Во рамките на 24-часовниот штрајк закажани се протести во Атина и други грчки градови, а на протест повикаа и од опозициската СИРИЗА.

Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) закажаа протест во 11 часот во центарот на Атина, а Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија ќе одржи посебен собир еден час порано.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Редакција

Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г

Редакција