еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот од Македонија во Германија зголемен за повеќе од трипати во последните 10 години

Германската стопанска комора во Македонија (АХК Северна Македонија) го организира бизнис настанот Suppliers Balkan Expo-SUBEX, кој се одржува денеска и утре во Скопје, информираат од таму.

Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИКТ, текстилна, дрвна и прехранбена индустрија од Македонија со компании купувачи од Германија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Белгија и Австрија.

Во изминатите години македонските компании се соочуваа со предизвици при изнаоѓање на нови партнери за извоз, како и за проширување на своите бизнис активности надвор од границите на својата земја и регионот.

„Најновите случувања во Европа и светот доведоа до сериозни нарушувања во стопанството, кое секојдневно се соочува со предизвици како последица на војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, но и екстремно ги зголеми цените на енергија и енергенси.

Во потрагата по стабилни компании добавувачи, но и пазари за инвестирање каде европските компании може да ги префрлат своите производствени капацитети Балканот е фокус.

Дека има голем интерес за Македонија говорат и бројките.

Извозот од Северна Македонија во Германија е зголемен за повеќе од трипати во последните 10 години и денес достигнува 4,8 милијарди евра.

Во последните две години, повеќето германски инвеститори кои веќе работат во земјата енормно ги проширија своите производствени капацитети.

Додека претходно германските инвеститори претежно беа од автомобилската индустрија, сега имаме се поголема диверзификација. Новите германски инвеститори се од други сектори, како што е најсовремено производство на батерии, текстил, кабли и медицинска опрема.

Сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка и ИТК индустрија.

Овие два дена ќе се одржат 7 панели, повеќе од 250 Б2Б, саем за компании изложувачи и саем за кариерен развој и вработување,“ изјави Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија.

Фото: АХК Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку потрошил Мермерен комбинат за надоместоци на Одборот на директори лани

Редакција

Попова Кула со зголемена добивка во првото полугодие

Редакција

Цената на горивата останува непроменета

Редакција