еМагазин
Image default
Македонија

Гевгелија се подготвува за новиот бран на корона вирусот: Ќе се постави монтажна болница

Општинскиот кризен штаб ја поддржа иницијативата за поставување монтажна модуларна болница во Гевгелија која ќе функционира во рамки на регионалните Ковид центри во земјава, како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на пандемијата од корона вирусот.

За таа цел, на локацијата на паркинг просторот пред сегашната Брза помош, на северниот дел од објектот на Општата болница во Гевгелија, почна подготовките за поставување на модуларната болница на површина од 450 квадратни метри.

„Локацијата ја предложија од Општата болница и со неа се исполнуваат двата основни критериуми – монтажниот објект со тријажен центар и стационар да биде близу до Општата болница и да има непосреден пристап до потребната инфратруктура“, изјави градоначалникот Сашо Поцков, додавајќи дека Оштината и Јавното комунално претпријатие се подготвени да ги обезбедат потребните инфраструктурни поврзувања на монтажниот објект.

Поцков информираше и дека од тројцата новодијагностицирани со Ковид -19, едниот е од Гевгелија, а останатите двајца се од Богданци и Дојран.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет нови случаи со коронавирусот во Кавадарци, претежно млади лица

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир, Свети Николе од Дебар

Во болницата Козле се хоспитализирани четири деца позитивни на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Жбогар заигра на „Македонско девојче“: Му била омилена песна

Редакција

За 10 години 66.000 Македонци земале бугарски пасош повикувајќи се на “бугарско потекло„

Редакција

(ВИДЕО) Како Меркел го пречека Заев во Берлин

Редакција