еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Евроамбасадорот Гир без коментар за изјавите на Ахмети и Ковачевски: Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата.

Гир, кој денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид, не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), поради што се преземени низа мерки, меѓу кои и затворање на дописничките места во странство, како и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дадени за две телевизии.

„Нема да ги коментирам различните изјави на политичари и лидери, но дозволете ми да кажам дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и нешто што одблиску го следиме.

Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата затоа што води сметка и осигурува дека граѓаните се добро информирани и можат да носат добро информирани одлуки.

Тоа значи дека од една страна медиумите се задолжени да направат таков тип на веродостојни и точни информации и треба да се стремат кон највисоките професионални стандарди, и од друга страна е важно слободата на медиумите да биде зачувана и да биде заштитена од влијанија и вмешувања и од каква било други дејствија кои може да ги натераат новинарите на автоцензура или да се плашат од нешто,“ рече Гир.

Евроамбасадорот се наврати на одговорот за најважните прашања за ЕУ во однос на реформите и нашиот скрининг, потенцирајќи дека „и слободата на медиумите е едно од оние прашања кое навлегува во сржта на тоа што се нарекува фундаментални прашања“ и е од големо значење за Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непримерно етикетирање на медиуми и од Ковачевски, од Здружението на новинари реакција и за изјавата на премиерот за Ахмети

Телма: Оркестиран напад на телевизијата од Ковачевски и Ахмети

Ахмети не им се извини на Алфа и на Телма, тоа што го кажал се однесувало на реакциите на граѓаните

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од Западен Балкан кои имаат волја за реформи ќе добијат пари од ЕУ, порача од Тирана, Фон дер Лајен

Редакција

Мукаетов за добивањето на Орденот на заслуги: „Oва ќе биде мој мотив да продолжам по истиот пат и понатаму“

Редакција

„Гардијан“: Не станува збор дали е фер – Македонците неволно ја прифаќаат реалноста

Редакција