еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Главната сестра на Инфективна клиника која поднесе барање за отказ и беше примена кај Филипче, разрешена од позицијата

Матичниот лекар Ненад Лазаров кој прв информираше за барањето за отказот од страна на трите сестри на Инфективна клиника, на неговиот фејсбук-профил објави дека главната сестра била разрешена од позицијата.

„Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот, другиот ден експресно се разрешени од местата одделенска т. е. главна сестра после состанокот,“ пишува Лазаров на неговиот фејсбук-профил.

Инаку министерот за здравство Венко Филипче се сретна со медицинските сестри кои поднесоа барање за отказ по што беше истакнато дека се договориле после заслужениот одмор кој го земале повторно да разговараат и да најдат начин да продолжат заедно во битката со Ковид 19 на Инфективната клиника.

„Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, информираше Филипче по средбата.

Заминувањето на секој здравствен работник е голем удар за здравството и пациентите, имајќи ја предвид кризата со која се соочуваме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицински сестри од Инфективна поднеле отказ, Филипче ги убедува да останат

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деца под една година доминираат меѓу заболените со голема кашлица, пет од новите случаи се хоспитализирани

Редакција

Вo понеделник дожд, во вторник значително пониски температури

Редакција

Милчо Манчевски сподели фотографија која го доловува „дното“ на Македонија

Редакција