еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Деца под една година доминираат меѓу заболените со голема кашлица, пет од новите случаи се хоспитализирани

Бројот на заболени со голема кашлица во Македонија продолжува да расте, а во Скопје, каде има најмногу регистрирани случаи е прогласена епидемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 9 до15. февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица.

Сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10-19 години.

Од новите 17 случаи, 5 случаи се хоспитализирани (3 деца на возраст до 4 години, и по едно во возрасна група од 5-9 години и од 10-14 години), стои во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 15. февруари се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица.

Од нив најголем број живеат во Скопје – 33 (84,6%) во девет различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст 1 месец до 45 години (медијана 6,9 години).

Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 11 случаи (28,2%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (20,5%) се деца на возраст од 1 до 4 години.

25 лица (64,1%) од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Десет случаи се комплетно вакцинирани за возраста, за четири случаи вакциналниот статус е непознат.

Од заболените, регистрирано е 21 лице со хоспитализација (53,8%), и тоа 16 (76,2%) од нив на возраст до 4 години, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

34 заболени од голема кашлица, во Скопје веќе е прогласена епидемија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот и на бројот на трансакциите на Македонската берза лани

Редакција

Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски: Каков имот пријавил?

Редакција

Синдикалната минимална кошничка во април пораснала за 1.337, а за една година за 4.128 денари

Редакција