еМагазин
Свет

Глобалното затоплување е реалност: Во Британија регистрирана историски највисока температура

Во Чарлсвуд, Велика Британија, денеска е регистрирана досега највисоката температура од 39,1 Целзиусови степени и се очекува дополнително да се зголеми, соопшти локалната метеоролошка служба.

Највисоката температура претходно забележана во Британија беше 38,7 степени Целзиусови, рекорд поставен во 2019 година.

Највисоката температура некогаш забележана доаѓа во време кога земјата е зафатена од горештини што минатата недела ја зафатија и континентална Европа.

Огромен дел од Англија, од Лондон на југ до Манчестер и Лидс на север, е под првото предупредување за „екстремна“ топлина во земјата, што значи дека дури и здравите луѓе се во опасност од смрт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 700 загинати во нападите на Хамас врз Израел

Редакција

УНЕСКО повикува на глобална забрана за мобилните телефони во училиштата

Редакција

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

Редакција