еМагазин
Image default
Македонија

Голем број од закажаните за вакцинирање во Тетово не се појавиле

Масовното имунизирање на населението во тетовско денеска почна во спортската сала на медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

„Започнавме со работа од 10.30, затоа што од тогаш имаше први термини за вакцинација. Досега до 12.30 имаме над 50 луѓе вакцинирано, што според термините значи дека голем број од закажаните не дошле да се вакцинираат.

Да беа сите ќе имаше над 200 вакцинирани. Имавме и машко лице на возраст од 101 година кое прими вакцина, изјави Дрита Зибери, главна сестра во Здравствениот дом во Тетово.

Околу 12:30 часот при нашата посета на местото за масовно вакцинирање забележителна беше добрата оргнизација на овој процес. Училиштето и спортската сала имаат голем паркинг кој овоможува повеќе луѓе да дојдат со возила.

Обележани се пристапот до пред салата каде има и обезбедување од полиција и војска кои се грижат за редот.

Студентите од Медицинскиот факултет пред салата прегледуваат дали се во ред документите на луѓето по што ги праќаат внатре за преглед и вакцинирање.

„Само денес имаме околу 1.300 термини со старосна граница на луѓе над 80 години. До крај на неделата односно до петок има околу 5.000 термини,“  додаде Зибери.

Во текот на април на вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Тетово беа вакцинирани околу 1.600 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов се годинешните добитници на Орден за заслуги

Редакција

(Видео) Џафери во Украина: Ова е геноцид и ништо друго

Редакција

Македонија ја одбила Украина за донација на нова воена опрема

Редакција