еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од еден до 1,5 денари

Цените на бензинот „Еуросупер БС-95“, на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, а бензинот „Еуросупер БС-98“ поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 76 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 78,5, дизелот за 78, а екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,686 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,370 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,878 отсто, кај дизелот за 2,729, кај екстра лесното масло за 2,516 и кај мазутот има намалување во просек за околу 2,069 отсто. Курсот на доларот во однос на денарот е понизок за околу 0,151 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ лани оствари добивка од 14,2 милиони евра

Редакција

(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот

Редакција

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Редакција