еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Делчево позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е позитивен на Ковид-19 вирусот.

Веста Трајковски ја соопшти на својот официјален Фејсбук-профил во кој вели дека своите обврски во наредниот период додека трае изолацијата ќе ги извршува од дома.

„Почитувани сограѓани, чувствувам обврска да ве известам дека и покрај сите мерки на претпазливост, по направениот брз тест за Ковид-19, резултатот од моето тестирање е позитивен.

Ве известувам дека гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните, до завршување на периодот на лекување, работните обврски ќе ги извршувам од дома“, истакна Трајковски.

Градоначалникот на Делчево е вториот градоначалник од регионот кој е позитивен на Ковид-19 вирусот. Претходно од коронавирусот се излекува градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Во Делчево во последната недела е забележливо зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 16 нови случаи на коронавирусот.

МИА/Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чичаковски и Ајро избрани за судии на Управниот суд

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу

Редакција