еМагазин
Image default
Македонија

Трендафилов очекува пресуди за истраги за милионски суми испрани пари

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов очекува до крајот на годинава да има кривични пријави и пресуди за некои од предметите за перење пари, а кои, како што вели, се со суми во милионски вредности.

Докажувањето на перење пари, потенцира денеска Трендафилов, е прилично сложен процес.

„Пред месец и половина реков дека Управата за финансиско разузнавање работеше на предмети со прилични суми и тие се во истражни или во предистражни постапки и знаете, бидејќи и тогаш нагласив докажувањето на перење пари е прилично сложен процес.

Но, во државата веќе постои едно чувство дека тие предмети ќе се процесуираат и ќе има пресуди за нив.

До крајот на годината ние очекуваме, значи за повеќе предмети коишто ги водеше и СЈО и таму имаше предмети поврзани со перење пари, и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во моментот води предмети во кои имаме суми коишто се во милионски вредности, и сметаме дека до крајот на оваа година ќе имаме за овие предмети – поднесено и кривични, а некои ќе бидат и со пресуди“, рече Трендафиов, во одговор на новинарско прашање во однос на истрагите за перење пари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје

Редакција

Анкета на Рејтинг: За Пендаровски 38,3 за Силјановска 33,2, за Река 12,6 %

Редакција

Детален преглед на состојбата: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти со Ковид-19

Редакција