еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за 16 жители на Дебар, правеле забава во викендица покрај езерото

Сопственик на викендица, лоцирана на брегот на Дебарско Езеро и негови пријатели заработија кривични пријави поради непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

„Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Р.У.(38) и против други 15 лица, сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додаде дека при контрола извршена на 30 декември минатата година, полициските службеници ги затекнале пријавените на забава, организирана од Р.У. во неговата викендица лоцирана на брегот на Дебарското Езеро.

„Со групирањето во затворени простории, пријавените, ги прекршиле безбедносните протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19, поради што против нив се превземени пропшаните законски мерки“, посочува Димоски.

Ова е прв прекршок од ваков вид на подрачјето на Одделението за внатрешни работи, кое со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тетово, еден од најголемите градови во Македонија конечно ќе има јавен автобуски превоз

Редакција

Првоосомничениот за киднапирање на Италијанката ​сакал да ја убеди да склучи брак со негов роднина

Редакција

Двајца криумчари возеле 27 мигранти од Авганистан и Пакистан во „цитроен џампер“

Редакција