еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со Ковид-19.

„Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките.

Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ќе бидам под силен надзор од страна на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се“, наведе Таравари на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манифест против „францускиот предлог“ на 844 професори, научници, педагози…

Редакција

Пендаровски: Акцискиот план на Бугарија повторно навлегува во идентитетот на македонската нација

Редакција

Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ не е ничија сопственост

Редакција