Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, од вчера е во домашна изолација поради тоа што неговата сопруга прегледувала двајца од тројцата заразени пациенти со коронавирусот од Велес, објави А1он.
Поради можноста да се заразени двајцата одлучиле да направат тестови за коронавирусот и да останат дома.
„Мојата сопруга е матичен лекар на двајца од тројцата заразени пациенти од Велес. Вчера кога стигнаа резултатите дека се позитивни решивме и ние да го направиме тестот, поради контактот што го имала сопругата.
Самоиницијативно решивме да останеме дома, во изолација, во следните 14 дена. Добри сме двајцата, немаме никакви симптоми, но сметаме дека е подобро да останеме дома поради контактите со заразените. Резултатите од тестот ги очекуваме утре“, изјави тој за А1он.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заболениот пациент со коронавирусот од Тетово e неподвижен, како се заразил?
Уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот
Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот
Фото: Фејсбук/Коцевски