Според последните податоци, објавени вчера, бројот на заразени со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.170.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години).
Најголем број (n=233) на заболени се на возраст од 50-59 години или 20,9%, каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 83,8/100.000.
Кај лица над 60 години инциденцата изнесува 59,2 заболени на 100.000 лица.
Најниска инциденца од 18,8 и 18,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 43 и 46 случаи соодветно„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 16.април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Графикон) 91 случаи на Ковид-19 во Македонија импортирани од надвор
Убава вест: Во Македонија излекувани 164 лица заразени со коронавирусот, нов раст
Со хронични здравствени состојби 308 лица од заразените со коронавирусот во Македонија
Детален преглед: Заразени со коронавирусот во 23 градови
Графикон: ИЈЗ