еМагазин
Image default
Балкан

Грчките медиуми за азилот: „Груевски се спаси во Унгарија„

„Груевски се спаси во Унгарија, потврди дека доби политички азил“; „Груевски потврди дека доби азил во Унгарија“; „Унгарија му даде политички азил на Груевски“; „Унгарија: Груевски доби политички азил“, се дел од насловите на текстовите, во поголемиот дел, преземени од текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, во онлајн изданијата на грчките медиуми за добиениот азил во Унгарија за поранешниот македонски премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите кај јужниот сосед, околу час и половина по објавениот статус на Груевски на Фејсбук, ја пренесоа информацијата и дел од неговиот став.

Грчката новинска агенција потсетува дека Груевски побегна пред една седмица, а во периодот од 2006 до 2016 беше премиер.

Грчката државна телевизија ЕРТ, во кусото издание на вестите во 18 часот по локално време, ја објави веста и коментираше дека Унгарија му дала азил на Груевски и покрај реакциите и потсети дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го поддржал поранешниот македонски премиер, пред последните парламентарни избори кај нас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во голем дел од електронските изданија на грчките медиуми, веста за азилот во Унгарија за поранешниот македонски премиер, се најде на почетните страници, во главните вести.

Грчките медиуми, уште утрово ги објавија информациите од медиумите во Унгарија кои повикувајќи се на нивни информации пишуваа дека било одобрено барањето за азил на Груевски.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ми беше сугерирано од братот на премиерот и обвинителот, дека ќе ми биде одложена казната ако убедам пратеници да гласат за уставните измени

Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката

Груевски на Фејсбук: Добив азил во Унгарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовскиот премиер е позитивен на Ковид-19

Редакција

Пет „линии на одбрана“ против Ковид-19 за летување во Грција

Редакција

Српската војска нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје, најави Вучиќ

Редакција