еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Грција: Македонско-грчкиот комитет за ревизија на учебниците е на добар пат

Водиме макотрпна работа со приговори, но во добра клима со добра волја и добри намери, се наоѓаме на добар пат, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, во интервју за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција за последниот состанок на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција.

„Постојат дискусии кои стигнуваат длабоко во историјата, се бараат извори за да постои најдобар можен пристап“, вели заменикот МНР на Грција за грчкото радио.

Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците, повторува дека потребно е од учебници, мапите и другиот придружен материјал, да се елиминираат било какви иредентистички и ревизионистички наводи.

Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, во петокот и саботата на 17. и 18 мај 2019 во Охрид го одржа четвртиот состанок, а делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји.

„Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци. Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците.

Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот“, соопштија од двете министерства за надворешни работи по завршувањето на состанокот и додадоа дека била постигната согласност за временската рамка за примената на наодите на комитетот и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укината косовската забрана за извоз на мед и компир

Редакција

Граничните и царинските контроли со Србија ќе се поминуваат со едно застанување

Редакција

Од утре заедничко гранично управување со Србија

Редакција