еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција не планира затворање на границите или забрана за влез од одредени земји

Во новите мерки, кои грчката Влада ќе ги соопшти утре, а ќе се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани, не е планирано воведување рестрикции за туристите, како на пример затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврди владиниот портпарол Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите.

-Засега немаме такви мерки на ум. Новите мерки се однесуваат на рамката на функционирање на јавната сфера, ако можам така да ја карактеризирам, од септември, па натаму и станува збор за низа активности што се однесуваат на секој од нас, вели Иконому.

Во однос на новите мерки, владиниот портпарол рече дека намерата е да постои рамка на мерки кои ќе бидат ефикасни, кои ќе се спроведуваат и главно што ќе можат да се контролираат за да се обезбеди нивната ефикасност.

-За жал, значителен дел од нашите сограѓани одбиваат да придонесат во националниот напор, бидејќи одбиваат вакцинација. Причините се познати, но неприфатени од научната заедница, од мнозинството граѓани, од Владата.

Општеството не може да чека и пред сè не може да остане заложник на таквите сфаќања. Одиме напред со објавување, утре попладне, и имплементација на мерки и регулативи, кои ќе обезбедат колку што е можно поцелосно функционирање на јавната сфера во приватни и јавни простори, каде што ќе се забележуваат гужви, истакна Иконому.

Паралелно, одговарајќи на новинарско прашање за колективниот имунитет, потенцираше дека сè уште не е постигнато посакуваното ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невакцинираните Грци на свој трошок ќе се тестираат за Ковид-19 најмалку еднаш неделно

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 243 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 98

Редакција

„Енерџи актив“ го доби милионскиот тендер на Македонски железници – Транспорт за набавка на струја

Редакција

(Фото) Пет розеви фламинга „одмораат“ на Преспанско езеро

Редакција