еМагазин
Image default
Балкан

Грците без ограничување ќе можат да подигнуваат готовина од банкомати

Со одлука на Министерството за финансии на Грција, од 1 октомври Грците без ограничувања ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите.

Со тоа по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник, а се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата, додека пак во следниот период се очекува комплетно да бидат укинати ограничувањата за пренесување капитал во странство.

Ограничувањата за подигање готовина беа воведени на 29 јуни 2015, кога дневниот дозволен износ за Грците беше 60 евра. Со текот на времето, како што се подобруваше финанската состојба на земјата, се воведуваа олеснувања, а сега граѓаните нема да имаат никакви ограничувања за подигнување готовина од банкоматите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина на Банско однесе двајца млади животи

Редакција

(Видео+фото) Му извадија секс афера на Петков: Објавено видео на кое наводно ја допира по задникот шефицата на неговиот кабинет

Редакција

Еди Рама и неговата Социјалистичка партија неофицијално се победници на изборите во Албанија

Редакција