еМагазин
Image default
Локално

Невреме во струмичко: Гром удри во викендичка на браната Водоча кај Струмица

Гром удри во викендичка на браната „Водоча“, но нема жртви и повредени, откако околу 17 часот силно невреме го зафати струмичкиот регион, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

-Добивме повик за запалена викендичка на браната Водоча, но во меѓувреме граѓаните кои таму престојуваат го изгаснале пожарот. Според нашите сознанија се запалил кревет, а жртви и повредени нема, рече Вернер Стоилов, заменик командир на ТППЕ Струмица.

Од силниот дожд поплавени се неколку улици во пониските делови од градот и дворови.

Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекува со пумпи, а од постари куќи разлетани се керамиди од силниот ветар.

Досега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите заради извлекување на вода од куќата.

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ се излезени на терен и работат на остранување на последиците од невремето.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанец приведен по физички напад врз полициски службеник

Редакција

Утре Скопје со редуциран автобуски превоз, дел од приватните превозници ќе возат само една линија

Редакција

Претреси во Синѓелиќ, пронајден пиштол и хероин, едно лице приведено

Редакција