еМагазин
Image default
Македонија

Груби: Победи евроатлантска Македонија

Граѓаните да бидат спокојни, вечерва победи евроатлантска Македонија, победи напредна Македонија. Победи Македонија со добрососедски односи. Македонија во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија во добри односи помеѓу заедниците и благодарен сум и на сите коалициони партнери, изјави синоќа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Порача дека со ова парламентарно мнозинство останува загарантирана интеграцијата во Европската Унија.

Прашан дали „Алтернатива“ е новиот партнер, Груби рече дека добредојдени се сите кои посакуваат земјата да е интегрирана во ЕУ, да има добрососедски односи, мир и стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на Алтернатива, Гаши: Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните

– Сите кои поддржуваат Македонија да е интегрирана во ЕУ, кои го поддржуваат Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор се добредојдени во ова парламентарно мнозинство и ќе видите – само ќе расте.

Ќе имаме убави две и пол – три години пред нас за да ги исполниме сите програми коишто ги ветивме на парламентарните избори, изјави Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери не ја исклучува можноста Реџепи од Беса да остане дел од парламентарното мнозинство

За пратеникот Кастриот Реџепи, Груби рече дека го познава долги години и дека знае какви се неговите лични убедувања.

– Тој е еден непоправлив атлантист кој верува во Вашингтон, верува во ЕУ и со вредностите што ги негува всушност тоа го докажа денеска и на дело со тоа што не гласаше заедно со едно наводно парламентарно мнозинство кое што е анти НАТО, анти ЕУ, анти Охридскиот договор, анти Преспанскиот договор, анти добрососедските односи, анти интегрирана Република Македонија.

Убеден сум дека Кастриот Реџепи е добар заедно со неговото семејство и среќен затоа што вечерва победи евроатлантска Македонија, изјави Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Владата на Зоран Заев преживеа

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

МИА/Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар на армискиот полигон Криволак

Редакција

Филипче го разреши Ваљон Беља, економскиот директор на Клиниката за гинекологија

Редакција

Викендов стабилно и суво, од понеделник дожд и снег

Редакција