еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на Алтернатива, Гаши: Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните

Алтернатива никогаш нема да биде дел од една влада која не ја прокламира јасно оваа ориентација – евроатлантскиот курс и политиките на добрососедството, истакна лидерот на оваа партија, Африм Гаши за телевизијата ТВ 21.

Тој, исто така, посочи дека нема да влезат во Влада која нема да го реши спорот со соседна Бугарија.

– Во партијата имаме разговарано само за гласање на недоверба на Влада. Тоа денеска не помина. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, но морам да напоменам – нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО и политиките на добрососедство.

Видете, за нас е најважно државата да се движи напред. Битно е да имаме стабилна Влада. Ние сакаме да бидеме конструктивни. Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните.

Сакаме силни гаранции од меѓународниот фактор, дека Македонија е блиску до датум за преговори. После изборите во Бугарија очекуваме решавање на спорот. Искрено очекуваме датум за отпочнување на преговори. За тоа треба стабилна Влада, рече Гаши.

Тој додава дека немаат забелешки за СДСМ.

– Оваа Влада Македонија ја внесе во НАТО и има големи аспирации да стане дел од Европската Унија. Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда, порача Гаши.

Гаши потенцира дека нашата држава влегува во длабока кризна состојба и Алтернатива, како што рече, ќе се однесува со одговорност кога ќе бидат доведени во прашање важни процеси за земјата.

Тој истакна дека не се за брзи избори, бидејќи, како што вели, народот веќе е изморен од одржување избори секоја година едноподруго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Владата на Зоран Заев преживеа

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

МИА/Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанис Јанопулос, првиот човек на ЕДС: Македонски научив од песните на Тоше и Владо Јаневски

Редакција

„Титаник 2“: Одбраната на Мијалков побара ослободителна пресуда, немало ниту еден доказ дека извршил влијание врз ДИК

Редакција

Излезеноста во дијаспората до 10 часот е 7,71 процент, во затворите 30 отсто

Редакција