Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, чија сторија ја пренесува Дојче веле, вели дека неговиот претходник, Никола Груевски, кој избега во Унгарија и стана азилант таму, е во тајна комуникација со македонската Влада за да се подели партијата за да поминат уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ
-За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови, вели Мицкоски.
Според него Владата планира да му вети кривична неказнивост на Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.
-Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее, вели Мицкоски.
-Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања. На тоа сега е крај, вели тој.
Доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот, дециден е Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не сум учествувал на никакви тајни средби: Груевски го демантира Ахмети
Груевски го демантира Пендаровски: Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене
Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ