еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски го демантира Пендаровски: Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, откако побегна таму го демантира претседателот Стево Пендаровски, кој тврди дека од него пред неколку месеци се барало амнестија за Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски откри кој од него барал амнестија за Груевски

-Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски. Го повикувам претседателот на републиката кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за моја амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене.

Ако тоа се случи, и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски.

Она што сигурно го знам и уште пред неколку години јавно го напишав и подоцна го повторив, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон мене и кон другите, Македонија нема да има напредок.

Знам дека ретко кој го свати тоа сериозно, но таа лоша карма не се одстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Неможе оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено.

Како што неможете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа, пишува Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политичари го консултирале Пендаровски за амнестија на Груевски, откри претседателот

Груевски дава и свое видување за тоа како измените на Кривичниот законик ќе влијаат на судските предмети поврзани со него.

-Да допрецизиран за ефектот од измените на Кривичниот законик (КЗ) врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или задскриени зад некој медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација.

Тоа е предметот “ТНТ“, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор.

Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот “Тенк“, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема подршка од граѓаните, па тоа Обвинителството го квалификува како корист.

Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена, бидејќи имавме предвремени избори, а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради.

Но, тој член предвидува казна до три години, и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година.

Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши.

Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално Обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонија на лечење“: Диазепамот меѓу трите најкористени лекови

Редакција

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа бугарското Собрание

Редакција

Од 10 мај ВМРО ДПМНЕ почнува со блокада на Собранието која ќе трае до договарање на датум за предвремени избори

Редакција