еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

120 пратеници поднесоа барање за разрешување на претседателот на бугарското Собрание

Сто и дваесет пратеници од опозицијата: „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, Движењето за правата и слободите и „Препород“ до раководството на 47. Народно собрание на Бугарија денеска поднесоа предлог за предвремено разрешување на нејзиниот претседавач Никола Минчев, јави БНР.

Според Деловникот на Народното собрание, предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, со што на претседавачот му се дава право да биде сослушан.

Гласањето за предлогот треба да се одржи утре.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ изјави дека партијата стои зад претседателот на бугарскиот Парламент.

ГЕРБ, ДПС и Препород најавија дека ќе го поддржат барањето на „Има таков народ“ за оставка на претседателот на Собранието, Никола Минчев.

Лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај објасни дека нивните мотиви не се поврзани само со сослушувањето на министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, туку и поради други случаи кога нивни прашања биле забавувани и запирани од министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.

За да биде донесена одлуката за разрешување на Минчев потребна е подршка од 121 пратеник.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АПЕЛ од маркетите: Не купувајте масовно и панично, залихи има и постојано се врши набавка на роба

Редакција

„Анима Мунди“ до Ковачевски: „Не ни треба Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните“

Редакција

Да ги поддржиме протагонистите од „Медена земја“ и да станеме дел од една светска приказна

Редакција