еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Анима Мунди“ до Ковачевски: „Не ни треба Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните“

Не е неопходен Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните, реагираат од Здружението за заштита на животни, „Анима Мунди“, за најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека за проблемот со бездомните кучиња, државата ќе бара помош од ЕУ.

Од таму велат дека со години се справуваат со последиците, замачкуваат симптом, се убиваат животни, страдаат граѓаните, се трошат енормни пари, но не ги третираме причините, изворот на проблемот – неодговорното сопствеништво, размножувањето и напуштањето!

„Анима Мунди во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот,“ велат од здружението.

Основни се законска забрана за еутаназија на бездомни животни, законска забрана за размножување на кучињата, освен во случај на регистрирана одгледувачница, регулирање и воведување данок за таа дејност, законска забрана за напуштање миленик, задолжително регистрирање (со микро чип) на животните од раѓање и создавање функционална јавна и единствена база на податоци од домашни миленици како и кучињата кои се користат при лов, а кои често пати се напуштаат или подаруваат доколку не ги задоволуваат потребните стандарди, прецизна законска регулација на трговијата со домашни миленици во пет-шоповите и одгледувачниците (кучиња/мачки), посочуваат од здружението.

“При тоа од надлежните е неопходна сериозна а не декларативна посветеност, програми преку кои плански и во континуитет ќе се промовира/помогне вдомување, наместо купување миленик; воспоставување на национален акт за унифицирање на програмата во сите прифатилишта во Македонија (залови – стерилизирај – вакцинирај – врати, но плански, брзо и масовно во размери кои соодветствуваат со реалните потреби на општините – 75% од слободните единки и мерките, а се таргетираат во првата година од мандатот на ЕЛС, на сметка на драстично помала стапка во наредните години доследно/без импровизација/без нарушувања преку комбинирани пристапи и сл.

Општините да овозможат субвенции /бесплатни кастрација и стерилизација на домашните миленици (ова би требало да биде национална програма), планираат и спроведуваат во континуитет мерки кои ќе им помогнат особено на сопствениците на миленици во руралните и приградски средини (овие кучиња најчесто во поголем дел од денот лутаат слободно) каде достапност на ветеринарни услуги и грижа е дефицитарна, со мобилни вет. екипи за кастрација,“ велат од „Анима Мунди“.

Од таму додаваат дека во сите овие активности тие и бројни други здруженија и активисти нуделе своја помош но биле игнорирани.

„Штетата не ја трпат политичарите, туку е секогаш на грбот на граѓаните и животните,“ додават од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И за проблемот со бездомните кучиња државата ќе бара помош од ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фокус: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции

Редакција

Раст од 21,9%: За една недела 39 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

80 ученици во Штип се во изолација, а заразени со Ковид-19 се 11 и тројца наставници

Редакција