еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина исто така се загрозени од Русија, вели Столтенберг

Контигнент од нови 850 британски војници, шест борбени тенкови и други воени возила ќе пристигнат во Естонија, а НАТО е спремно да се брани од евентуални закани на свои земји-членки.

Генералниот секретар на на Алијансата, Јенс Столтенберг денеска изјави дека напад врз една земја ќе биде третиран како напад врз сите.

Дел од силите за брз одговор се распоредени на копно, море и воздух.

Тој нагласи дека овие сили ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО и ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, како и другите земји во регионот загрозени од Русија, вклучувајќи ги Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина.

Столтенберг предупредува дека „целите на Кремљ не се ограничени само на Украина и забележува дека Русија побарала правно обврзувачки договори за запирање на понатамошното проширување на НАТО“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може ли руско-украинската војна да се прелее и на Балканот?

Фото: Фејсбук/Столтенберг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Индија 12 дена по ред, повеќе од 300.000 новозаразени

Редакција

Македонските граѓани ќе може да донираат средства за настраданите во Бејрут преку сметка и телефонски броеви

Редакција

Македонска берза го стави скопски Бетон на „Листата за набљудување“ поради блокирана сметка

Редакција