еМагазин
Image default
Бизнис

Гувернерката на Народна банка даде зелено светло за промените во Надзорниот одбор на Охридска банка

Гувернерката на Народната банка на ден 27.1.2020 година издаде согласност за именување на следните членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје од редот на акционерите: Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Ханс Лудвиг Диксер и Славиша Којиќ, соопшти банката преку Македонската берза.

„Наведените членови беа именувани со одлука на Собранието на акционери на банката донесена на ден 29.11.2019 година, која стапува во сила по издавањето на согласноста од страна на Гувернерката на Народната банка. Мандатот на новоизбраните членови на Надзорен одбор на банката трае 4 години.

Со издавањето на согласноста, престанува мандатот на следните членови на Надзорниот одбор на банката именувани од редот на акционерите и тоа: Жан-Филип Гијом, Ален Жерард Конус и Марија Којчева-Русева“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Клиентите на Охридска банка ќе можат бесплатно да повлекуваат готовина од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на вредноста на акциите на НЛБ Банка, пад кај Стопанска банка Скопје

Редакција

„БТ Македонија“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на авиобилети вреден 84.000 евра

Редакција

Авиолинија Атина-Скопје сепак ќе има

Редакција