еМагазин
Image default
Македонија

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје: СЈО една од темите на средбите со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според официјалната агенда, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен да биде одрен датум за почеток на пристапните преговори. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Предвидено е премиерот Заев и еврокомесарот Хан по средбата да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.

Ден подоцна во посета на земјава треба да пристигне и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и други владини претставници.

Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.

МИА/Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 286 пациенти суспектни и болни од Ковид-19

Редакција

Трамп му пишал на Заев: Северна Македонија е голем партнер на САД, честитки за храброто лидерство

Редакција