еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Холандскиот премиер Руте претпазлив оптимист за тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември

Холандскиот премиер Марк Руте, кој беше во прва официјална посета на Северна Македонија, смета дека земјава заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и се надева дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.

– Холандија беше една од земјите кои долго беа против преговори со ЕУ, но многу напредок беше направен во изминатите неколку години и лично сакав да ја пренесам пораката дека сме многу среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите.

За жал, проблемот сега е Бугарија и мора да го решиме. Сепак, за овој проблем се грижиме со цел да почнат преговорите, истакнува Руте во изјава за телевизија Сител, додавајќи дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали земјава ќе ги почне преговорите во декември.

Тој се надева дека ќе се најде решение по изборите во Бугарија и како што наведе, имајќи го предвид фактот дека неговите колеги во ЕУ го делат ставот дека билатералното прашање меѓу Софија и Скопје не треба да е пречка за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

За тоа дали евентуалната промена на власта во земјава може да влијае на тој процес, Руте кажа дека не би сакал да шпекулира и оти тоа е внатрешно политичко прашање на државата.

– Јас лично сум добар пријател со премиерот Зоран Заев, но се разбира дека ќе работиме со секоја Влада на Северна Макеоднија, рече Руте.

Вели дека е случајност тоа што неговата прва посета на земјава е ден пред гласањето доверба на Владата во македонското Собрание.

–  Оваа посета беше планирана еден месец претходно и секако не можеше да се претпостави каква ќе биде актуелната политичка состојба, посочи холанскиот премиер.

Појаснува дека Холандија отсекогаш била строга, но фер кон земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ.

– Холандија беше против почеток на преговори во ЕУ долго време, но морам да признам дека тоа беше строго, но и фер. Строго, бидејќи зема многу време, но фер, бидејќи кога беа направени сите потребни чекори тогаш Холандија, но и Франција и другите рекоа: Да за почеток на преговори со Македонија.

Секако, ова прашање кое беше покренато во текот на летото со Бугарија би ме иритирало многу, бидејќи тоа е она што ги блокира преговорите и меѓувладината конференција. Во таа смисла би си рекол: дечки вие решете го ова, а не ние како Северна Македонија, ако одговорам како Македонец. Тоа е работа на ЕУ, рече Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев се сретна со Руте: Декември клучен за почнување преговори со ЕУ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата во „ББ+“

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Пензионерите протестираа пред Владата за повисоки пензии

Редакција