еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели Метропол лани со загуба

Приходи од работењето на Хотели Метропол АД Охрид за 2021 година изнесуваат 117.325 илјади денари и истите гледано споредбено со 2020 година се зголемени за 48%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 103.399 илјади денари, што покажува зголемување за  74% во однос на 2020 година, останатите приходи во износ од 13.926 илјади денари се намалени во однос со истите од минатата година.

Финансиските приходи се намалени во однос на 2020 година и изнесуваат 735 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 132.556 илјади денари, се зголемени за 23% во однос на расходите во 2020 година.

Најголемо учество во вкупните расходи од 39,5% имаат трошоците за вработени во износ од 52.301 илјади денари, кои споредбено со 2020 година се зголемени за 6%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 34.758 илјади денари се значајна ставка во расходите со 26,2% учество во вкупните расходи, кои во однос на 2020 година се зголемени за 58%. Финансиските расходи бележат опаѓање во однос на истите од претходната година.

Хотели Метропол во 2021 година оствари негативен финансиски резултат, остварувајќи нето загуба од 15.023 илјади денари, како една од дејностите најпогодени од светската пандемија со Ковид-19“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хотели-Метропол“ во загуба од 16,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Корона вирусот ги „однесе“ во загуба „Хотели-Метропол“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 4.000 граѓани и фирми на УЈП и должат 145 милиони евра

Редакција

Бислимоски: Граѓаните што имаат редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

Редакција

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за три

Редакција