еМагазин
Image default
CHECK IN

Хотелите на Ресорт Маврово се подготвени за новите гости

Време е за реален одмор. Сите се подготвуваат за уживање и дружење, за шетање и забава. Дел ќе уживаат покрај морските убавини, но знаеме дека многумина љубители на планинарењето, велосипедизмот, на трчањето и водените спортови, на параглајдингот и на пешачењето, летово ќе го минат во Ресорт Маврово.

„Подготвени сме да ги пречекаме сите гости кои сакаат да минат период в планина. Во насока на подготовка на нашите хотели (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ) за прием на гости, ги исчистивме и дезинфициравме сите соби и простории со помош на компанијата Ecotip.

Со паметниот генератор на озон Ozoair направена е целосна, брза и ефикасна дезинфекција. Секоја просторија е дезинфецирана и елиминирани се сите бактерии – собите се свежи и подготвени за нови гости.

Овој начин на дезинфекција, со помош на озон, е совршена за хотелски простории, затоа што за кратко време елиминира мириси, бактерии и вируси во воздухот. Освен ова, генераторот Ozoair ја враќа и свежината на секоја просторија“, вели Ален Омерагиќ, менаџерот на Ресорт Маврово.

Пред да се употреби Ozoair за чистење, неопходно е да се направи стандардно темелно чистење на просторот. Се отвораат сите плакари и фиоки со што се овозможува озонот да навлезе во секоја површина и да ја дезинфецира.

Операторот со озонерот ја подесува потребната фрекфенција за чистење според големината (волуменот) на просторијата и ја напушта.

Притоа, на вратата поставува ознака „Забранет влез – Озонирање во тек“. На овој начин, стопроцентно, се уништуваат сите бактерии, вируси и мириси во даден простор. По завршување на процесот, просторијата веќе е подготвена за прием на гостите.

Со ознака „Озонирана зона“ што, претставува повисок стандард на хигиена од вообичаеното темелно чистење.

„Ресорт Маврово секогаш се грижел за удобноста на своите гости и за тоа секое гостување во нашите простории да биде запаметено. Минатата година го ребрендиравме Центарот и континуирано работиме на подобрување на услугите на нашиот ски центар.

Секогаш сме подготвени да ги прифатиме барањата на гостите и да ги адаптираме нашите креативни решенија.

Пред две години, направивме сериозна инвестиција со монтирање на современа опрема за заснежување и правење вештачки снег, со инвестирање во 19 шахти, 9 снежни топови, 4 снежни стикови за снежната сезона.

А сега спремаме нови содржини за уживање на сите посетители во мавровските убавини во летниот период. Затоа што Маврово е дестинација во која можете да уживате во текот на целата година“, вели Ален Омерагиќ.

Вработените во Ресорт Маврово и свежиот чист мавровски воздух Ве очекуваат.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата паланчикара „Сакаш“ од денес и во Аеродром

Редакција

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години

(Фото) Есенски раскош во еден од најживописните предели на Македонија

Редакција