еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватскиот претседател Милановиќ: ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана кои со години ги малтретира

Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но мора да се донесе и одлука за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, а Босна и Херцеговина и Косово да добијат кандидатски статус, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

– Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да и се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки се уште го немаат признаено.

Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина, изјави Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот Парламент препорачува да и се додели кандидатски статус на Украина

Во врска со Србија и БиХ, хрватскиот претседател смета дека нивното место е на Запад, и затоа нивните власти мора да решат дали ќе припаѓаат во ЕУ или Русија. Заканите за можна безбедносна дестабилизација на регионот, според него, не се добри и во моментов не се реални.

– Белград треба да реши каде припаѓа, дали во ЕУ или со Русија од сентиментални причини кои можам да ги разберам, но тоа не е практично. Не е време да се изживуваме врз Србија, туку да им кажеме дека сега е време да се одлучат, сега гори. Не мора да ги осудувате Русите. Тешко е, но разбирам.

Ајде да видиме дали припаѓате на Запад или на Исток, сега е време за некои далекусежни пораки. Во овој момент не е продуктивно да се плашат луѓето сo некакви нови судири на Косово и во БиХ. Република Српска не може да се извлече од БиХ, тоа е невозможно, нивното место е на Запад, местото на српскиот народ е на Запад, а не во Русија, вели Милановиќ.

За БиХ оцени дека: „Западот со години ја малтретира, земјата стои, не и се помага, туку постојано и се одмага со неорганизирана и килава европска бирократија, со европски дипломати надвор од регионот кои не разбираат што се случува таму“.

– БиХ мора да добие статус на кандидат за ЕУ. Тоа е надеж, како дрво преку река по кое можеш да ползиш без да паднеш. Тоа и треба на БиХ која ја влечат за нос веќе 20 години, изјави хрватскиот претседател Милановиќ.

Според хрватскиот претседател, војната во Украина би можела да се избегне ако Европа имала посилна улога и поактивна улога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

МИА/Фото: Фејсбук/Милановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За продолжениот викенд облачно време со северен ветер

Редакција

Вкупно 1.207: Нови 37 случаи на коронавирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Убава вест: Оздравени шестмина болни од Ковид-19

Редакција