еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И Владата да ја ревидира одлуката, согласно законските прописи концесиите пак ќе мора да се спојат, вели Бектеши

Министерството за економија останува на ставот дека административно треба да се спојат двете концесии на Еуромакс Ресоурсис за рудникот Иловица и дека тоа им следува согласно членот 61 од Законот за минерални суровини, бидејќи концесионерот ги има двете концесии од кои првата се содржи во втората, односно е целосно опфатена во втората.

Според Министерството, и да се ревидира одлуката на Владата за спојување на концесиите повторно компанијата ќе ги има двете концесии и ќе може да се повика на записникот што го направило Министерството за економија на 5 февруари 2016 година кога излегле на терен и констатирале дека може да продолжи постапката за спојување на концесиите по претходно поднесеното барање на компанијата.

За тоа ќе можат да поднесат тужба до Управен суд, кој веќе одлучи да им се врати концесијата што претходно им ја одзеде Министерството за економија.

Министерството во три наврати поднело предлог до Владата да се спојат концесиите. Во 2018 година предлогот бил одбиен заради изборите, во 2019 година не добиле ни позитивно, ни негативно мислење. Последниот предлог заедно со комплетната документација и сите претходни позитивни мислења за концесиите од надлежните институции бил доставен на 26 јуни годинава, а на 27 јуни Владата на седница дала позитивно мислење.

Од Министерството сметаат дека давањето позитивно мислење за спојување на концесиите ќе спречи компанијата да поведе арбитражна постапка против државата и дека ќе овозможи најрано за четири години Еуромакс Ресорурсис да може да добие дозвола за експлоатација, бидејќи наново ќе треба да ја почне постапката за нејзино добивање и ќе треба да поднесе нов елаборат за заштита на животната средина што ќе треба да го одобри Министерството за животна средина и просторно планирање и за кој е предвидена јавна расправа со локалното население.

Покрај тоа, со спојувањето на концесиите двете ќе важат до 2042 година, а важноста на првата концесија е до 2046 година.

Во 2019 година Министерството за економија го одби барањето на Еуромакс Ресоурсис за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во Иловица заради некомплетна документација и на 16. декември 2019 година донесе решение за раскинување на првата концесија.

Компанијата се жалела на Управен суд кој донел решение за враќање на концесијата на кое Министерството за економија нема право на жалба.

Барањето за првата концесија за детални геолошки истражувања е поднесено на 27. октомври 2005 година, а решението за доделување е донесно во 2006 година. Барањето за втората концесија за експлоатација на минерални суровини е поднесено во 2011 година, а одлуката за екосплоатација на бакар и злато е донесена во 2015 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Редакција

Ретка снимка: Прослава на Водици пред еден век во Битола

Редакција

(Фото) Фалсификувани еден милион евра пронајдени кај двајца Камерунци на скопскиот аеродром, детали од МВР

Редакција