еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што вели немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Тој смета дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, туку приоритетите и проектите.

– Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача.

Дополнително, „Дрисла“ се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје, вели на Фејсбук, Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски поднесе оставка

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

Фото: Фејсбук/Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска „ги пречека“ новите гуми од НАТО

Редакција

Државното правобранителство реагира на барањето за истрага од Антикорупциска за случајот со водителката Ејупи

Редакција

Утврдени повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци во ДИК

Редакција