еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

И друга грчка европратеничка лакома како Ева Каили

Освен сега веќе поранешната европратеничка од ПАСОК, Ева Каили, под истрага за измама е уште една европратеничка од Грција, Марија Спираки од владејачката Нова демократија, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Таа, како што пренесуваат грчките медиуми се сомничи за злоупотреба на пратенички додаток за аситенти.

„Врз основа на истражен извештај добиен од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), постои сомневање за измама, штетна за буџетот на ЕУ, во врска со управувањето со пратеничкиот додаток, а особено во однос на надоместокот на акредитираните парламентарни асистенти“, информираа од Европското јавно обвинителство

Побарано е укинување на имунитетот на двете грчки европратенички.

„Во согласност со процедурите утврдени со правото на Унијата, европскиот главен обвинител побара укинување на имунитетот на двете европратенички“, велат од Обвинителството.

Спираки ја поздрави одлуката за укинување на имунитетот и изјави дека со тоа ќе се расчисти дека нема никаква врска со скандалот поврзан со Катар или било кој друг случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партнерот на Каили вели дека тој е виновен и бара таа да биде ослободена за да се грижи за нивната 22-месечна ќерка

(Фото) Разрешната потпретседателка на ЕП, Каили негира вмешнаност во скандалот, белгиската полиција објави фотографија со куп пари

На Ева Каили, суспендираната потпретседателката на Европскиот парламент и членови на нејзиното семејство им го замрзнаа имотот

Фото: Фејсбук/Спираки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски го потпишал решението за пратениците во скафандери да дојдат во Собрание и да гласаат

Редакција

Турција нема повеќе да води билатерални преговори со Грција, најави Ердоган

Редакција

Како до откривање и лекување на хроничната бубрежна болест?

Редакција