еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

И Град Скопје ќе одвои парична награда за екипата на „Медена земја“ во износ од 10.000 евра

Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница.

„Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело за афирмација на нашата земја и култура во светот, како и за промоција на вистинските човечки вредности и односот кон животната средина од која зависиме и која треба да ја чуваме.

Градот Скопје со овој чекор ја потврдува својата заложба за поддршка и афирмација на културата, со надеж дека ваквиот позитивен однос ќе ги поттикне културните работници да творат и да создаваат незаборавни дела.

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов освои многубројни награди на престижни филмски фестивали низ светот, а беше номиниран и за Оскар, во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм.

Приказната за Атиџе, одгледувачката на диви пчели, ги освои срцата на гледачите, но и на филмските работници, и испрати силна порака за важноста на здравата и чиста животна средина и за зачувување на рамнотежата во природата,“ соопштуваат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атиџе по ѕвездените моменти во Холивуд: Сакам да ги гледам пчелите, ми е жал ме чекаат

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

Екипата на „Медена земја“ со впечатоци: Оскарите ни се случуваа секој ден во Лос Анџелес

Фото: Фејсбук/Медена земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ работеше заедно со работниците на терен

Редакција

„When in Krusevo“: Дали Крушево може да стане регионален центар за спортски и културен туризам?

Редакција

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција