еМагазин
Image default
Македонија

И Мијалков, како Камчев сместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Весникот „Независен“ објави дека поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразознавање во затворот „Скопје“ во Шутка е сместен во соба од 28 квадратни метри во која има кревет, маса за јадење и тоалет.

„Независен“ пишува дека Мијалков по апсењето бил однесен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден бил преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови.

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, за Независен вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба, бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.

„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии, бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски за Независен.

Пред извесен период медиумите пишуваа дека во „хашка соба“ е сместен и бизнисменот Орце Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Одбраната ќе поднесе жалба за притворот на Мијалков

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предреферендумска покана: Никола Димитров во Вашингтон на средба со Помпео

Редакција

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

Редакција

На лидерската се разговарало и за бришење на формулацијата „20%“ од Уставот, вели Ахмети

Редакција