еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И покрај олеснувањата на мерките од ЕУ, патниците кои летаат кон и од Германија, ќе мора да носат маски за време на летот

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се носи за време на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остаревме „барајќи“ јунак да ја купи македонската Пошта

Редакција

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Редакција

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција