еМагазин
Image default
Да помогнеме

И требаме на Марија, самохрана мајка на дете со посебни потреби, на која и се потребни пари за лекување од канцер на бронх

Да и помогнеме на Марија, самохрана мајка, на која и се потребни пари за лекување од канцер на бронх.

“Потребни сме и на Марија!

Да не ја оставиме на пола пат. Половина од паричните средства се собрани, ајде заедно да ја собереме и другата половина, да покажеме дека како и секогаш кога е потребно сме тука, дека сме хумани и со големо срце.

Нашите 100 денари за Марија живот значат. Доколку не сте во можност да донирате споделете, може вашите пријатели ќе можат да донираат.

Марија е посебна мајка, мајка која се ќе направи за своето дете, мајка која неможе никогаш да го остави своето дете кое е со посебни потреби. Марија е самохрана која покрај сите тешкотии во животот продолжува да се бори со насмевка на лицето и не се откажува.

На Марија и се појавува канцер на бронх за кои не постои операција, но постојат третмани и хемотерапии кои можат да ја спасат, кои можат да и помогнат да продолжи да живее. Најголемата мака на оваа мајка е како моето дете кое е со посебни потреби ќе продолжи без мене. Кој ќе го чува? Кој ќе се грижи за Теодор?

Да ја спасиме Марија и да и покажеме дрка не е сама, дека сме тука со неа. Имаме отворени донациски броеви на кој можеме да донираме и да и бидеме помош и поддршка на оваа мајка, да и покажеме дека не е сама и дека сме тука за нејзе. За тие што не сте од Македонија може да донирате преку gofoundme: gofundme.com, Fundraiser – facebook.com и преку жиро сметката на Марија: Марија Мери Манчева и Теодор“, стои во апелот на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен базар во училиштето „Нова“ за помош на Дневниот центар за деца на улица

Редакција

Корчагинци преку хуманитарна претстава ќе собираат финансиски средства за лекување на соученик

Редакција

На Лидија Ристевска и се потребни средства за втора трансплантација на матични клетки

Редакција